Германскиот Уставен суд не ја поколеба ЕЦБ

Германскиот Уставен суд минатата недела донесе одлука дека ЕЦБ со купување обврзници не ги прекршиле овластувањата, но не го почитува принципот на пропорционалност на таа мерка со ефектите од фискалната и економската политика на земјите-членки.

Европската централна банка ќе продолжи да купува обврзници. Тоа го нагласи денеска членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел.

Претходно претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, рече дека „тие не се поколебале и во наредниот период се подготвени и овластени да преземат акција”.

– Ние ќе продолжиме да ја спроведуваме Програмата за набавка на јавниот сектор, како и други мерки на монетарна политика, во согласност со нашиот мандат. Пазарите се чини дека добро ја сфатија таа порака”, додаде таа.

Германскиот Уставен суд минатата недела донесе одлука дека ЕЦБ со купување обврзници не ги прекршиле овластувањата, но не го почитува принципот на пропорционалност на таа мерка со ефектите од фискалната и економската политика на земјите-членки.

Затоа, тие и дадоа на централната монетарна институција на еврозоната три месеци да ги „покрие” трансакциите во рамките на спорната програма со соодветни решенија, додавајќи дека во спротивно германската централна банка повеќе нема да може да учествува во неа.

Така, германскиот суд де факто ја оспори пресудата на Европскиот суд за правда дека програмата за откуп на обврзници е во согласност со регулативите на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот