Германскиот медиумски гигант „РТЛ“ планира да укине меѓу 700 и 1.900 работни места

РТЛ Германија/ Фото: Juergen Schwarz / Alamy / Alamy / Profimedia

Германскиот медиумски гигант РТЛ објави дека планира да укине меѓу 700 и 1.900 работни места во својот сегмент на списанија и да се фокусира на основните брендови кои генерираат најголем приход.

Групацијата моментално издава 23 списанија, а одлуката за укинување на работните места во тој дел од бизнисот е донесена поради падот на продажбата што може да предизвика финансиски загуби.

Тие планираат да се фокусираат на основните брендови, како што се Штерн, Гео и Бригите и да ги затворат или продаваат нивните специјализирани изданија. Ќе го затвори и списанието за славни личности Гвидо и Барбара, базирано на ТВ презентерката Барбара Шенбергер.

Групата ќе задржи 13 брендови, кои сочинуваат околу 70 отсто од продажбата, според податоците на РТЛ Груп. До 2025 година компанијата планира инвестиции во тој дел од бизнисот од околу 80 милиони евра, пренесува Пословни хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот