Германски поштар со години не доставувал пошта, дома му нашле триесет илјади пратки

Германска пошта/ Фото blickwinkel / Alamy / Alamy / Profimedia

Поранешен поштар во Дојче Пост со години не доставувал пошта во германскиот град Папенбург, туку собирал пратки дома. По анонимна дојава на 2 јануари, компанијата повикала полиција, изјави портпаролката на Дојче пост за Остфриесен-Цајтунг.

Портпаролката не даде никакви информации за точниот број на неиспорачаните пакети или временскиот период во кој поштарот ги собрал. Според истражувањето на споменатиот весник, во куќата на поштарот биле пронајдени околу 30.000 писма и дополнителни списанија кои не биле доставени во период од четири години. Според портпаролката на компанијата, поштарот повеќе не работи за нив, и се согласил на взаемна оставка.

Портпаролот на полицијата во Емсланд потврди дека е покрената истрага. „Постојат планини од пошта за сортирање“, рече тој. Сепак, тој не соопшти никакви детали.

Според поштенската служба, пронајдените пратки сега се внимателно прегледани од Дојче Пост и со писмо за извинување се проследени до примателите. „Доколку тоа не е можно во поединечни случаи, пакетите ќе му бидат вратени на оригиналниот испраќач со писмо за објаснување“, рече портпаролката на поштата.

Неодамна, поштар во Австрија беше осуден на десет месеци условна затворска казна за злоупотреба на положбата бидејќи, според неговите сопствени изјави, не доставил околу 14.000 писма и 263 службени документи.

Човекот ги собирал писмата од јуни 2022 година до април 2023 година во неговиот стан, во неговиот автомобил и во шкафче во базата за испорака. Делото го оправдувал со прекумерна работа, што довело до консумирање алкохол, но и приватни проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот