Германија ќе праќа воени бродови во Индо-пацифичкиот регион

Фото: Picryl / U.S. Navy photo / Ryan D. McLearnon

Германија следната година ќе испрати два воени брода во индо-пацифичкиот регион, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.Писториус ова го изјави на состанокот „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур, посветен на безбедносните прашања во Азија.

Германскиот министер посочи дека земјите во светот мора да го заштитат меѓународниот поредок заснован на правила и да гарантираат заштита на главните бродски рути.

„За таа цел, германската федерална влада испрати фрегата во индо-пацифичкиот регион во 2021 година и ќе го стори тоа повторно во 2024 година. Овој пат ќе испратиме фрегата и помошен брод“, се вели во текстот на говорот на Писториус, објавен. од страна на германското Министерство за одбрана.

Германскиот министер појасни дека испраќањето на бродовите не било насочено против одредена земја, јави ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот