Аналена Бербок / Фото EPA-EFE/Filip Singer

Германија ќе ја предложи Аналена Бербок за претседателка на Генералното собрание на ООН

Германија ќе ја номинира германската министерка за надворешни работи во заминување Аналена Бербок за претседателка на Генералното собрание на ОН со едногодишен мандат кој треба да започне во септември, изјави денеска извор близок до властите.

Анален Бербок (44) е шеф на германската дипломатија од декември 2021 година и наскоро ќе ја напушти таа функција по парламентарните избори одржани во Германија во февруари.

Конзервативниот блок кој освои најмногу гласови на изборите избра да преговара за формирање коалициска влада со Социјалдемократската партија (СПД), која во идната опозиција ќе ги стави Зелените, партијата на Анален Бербок.

Филемон Јанг, поранешен премиер на Камерун, е актуелен претседател на Генералното собрание на ОН, позиција која традиционално е резервирана за високи дипломати и ротира секоја година, а таа позиција ја зазема земја од различен регион во светот.

Според овој принцип, ротирачкото претседателство треба да се врати на групата западноевропски и други држави, составена од Турција, Израел, САД, Канада, Нов Зеланд и Австралија за периодот 2025-2026 година.

Германската влада првично ја предложи дипломатката Хелга Шмид за оваа позиција.

Изборот за претседател на Генералното собрание на ОН е закажан за почетокот на јуни, а инаугурацијата ќе се одржи во септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот