Генијален трик: Популарниот пијалaк ќе го врати сјајот на вашата темна облека

Фото: Профимедиа

Се испоставило дека ова е одличен начин да ги вратите боите во живот, па погледнете што треба да се направи.

Вообичаено, по неколку перења, убавите, живи бои на вашата облека бледнеат, а вашата омилена блуза или завеси веќе не се толку пријатни за око како на почетокот.

Најголем проблем се темните и црните ткаенини, а исто така и кога облеката е многу светла или со неонски бои. Колку е поголема температурата на перење, толку побрзо се ослободуваме од бојата заедно со дамките и нечистотијата.

Излегува дека овде може да помогне обично пиво. Тоа е одличен начин на благо избледените алишта да им го вратите сјајот, но исто така, е одличен начин да ги заштитите при перење.

Ако вашата облека изгубила дел од својата жива боја и сакате да ја освежите, доволно е да ѝ подготвите  купка од пиво.

Сипете го пивото во лавор и натопете ја облеката неколку часа. Потоа исплакнете ја во вода и исперете ја на вообичаениот начин. Овој третман би требало да ја освежи бојата на ткаенината. Најдобро е да го подготвите плакнењето во сооднос 1:1, односно да додадете иста количина вода на секои 0,5 л пиво.

Овој метод е добро да се користи одвреме-навреме како средство за спречување на избледувањето. Тоа е одлична алтернатива за скапите и хемиските производи од продавница. Исто така, не е потребно драгоценото време што е потребно за, да речеме, бојадисување на избледената црна облека. Пивото е, исто така, еден од производите кои природно ја потемнуваат бојата, па затоа е совршено за нега на црна и темносина облека.

Користете го третманот во зависност од тоа колку често ја носите и перете облеката. Доволно е купка со пиво еднаш на секои два месеца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот