Генералното собрание на ОН закажа итна седница поради руската инвазија врз Украина

Фото ЕПА

Советот за безбедност на ОН за денеска свика „итна, вонредна седница” на Генералното собрание на ОН со цел сите членки на светската организација да се изјаснат за руската инвазија врз Украина.

Резолуцијата, предложена од САД и Албанија, синоќа ја усвоија 11 земји. Русија гласаше против, Обединетите Арапски Емирати, Кина и Индија беа воздржани. Вето не е можно според сегашните регулативи на ОН кога станува збор за овој тип на резолуција.

Согласно процедурата воспоставена во 1950 година наречена „Обединување за одржување мир”, усвоената резолуција не може да биде предмет на вето на постојаните членки на Советот за безбедност, вклучително и Русија.

Вонредната седница почнува во 10 часот по локално време (15 часот по Гринич). Се очекува да трае најмалку цел ден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот