Гејтс: САД мора да воведат карантин

Мораме драматично да ги зголемиме тестирањата, да ја затвориме земјата и да го намалиме бројот на смртни случаи, вели коосновачот на на „Мајкрософт“ и мултимилијардер, Бил Гејтс.

Добрата вест е дека Кина направи сериозен карантин, поригорозен отколку што ќе направат најдобрите американски држави. После шест недели, тие почнаа полека да се отвораат и падна бројот на нови случаи. Тоа е многу добра вест. Значи, кога ќе ги разгледаме нивните броеви или на пример оние во Јужна Кореја каде ја ставија ситуацијата под контрола, јасно е дека САД се наоѓаат во тежок период. Можеме да воведеме карантин кој исто ќе трае од 6 до 10 недели, но тоа мора да се случи во целата земја. Мораме драматично да ги зголемиме тестирањата, да ја затвориме земјата и да го намалиме бројот на смртни случаи, вели коосновачот на на „Мајкрософт“ и мултимилијардер, Бил Гејтс.

Тој вели дека kолку побрзо САД воведат карантин, толку помали ќе бидат економските штети.

– После тоа, ќе добиеме економски проблем, затоа се препорачува да се реши проблемот што е можно поскоро, но затворањето држава по држава нема да помогне. Ние ќе имаме експоненцијален раст на случаите секаде каде што нема да имаме сериозен карантин – рече Гејтс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот