Геј пар посвоиле шест браќа и сестри за да можат да растат заедно

Стив Андерсон-Меклин и Роб Андерсон-Меклин
Стив Андерсон-Меклин и Роб Андерсон-Меклин со нивните посвоени деца / Фото: Принтскрин/Фејсбук

Геј пар од Пенсилванија посвоиле шест браќа и сестри кои поминале 1640 дена во сиропиталиште. Стив Андерсон-Меклин и Роб Андерсон-Меклин ги посвоиле сите деца за да не ги разделат, и истите да живеат во различни семејства.

На 23 мај 2019 година, парот ги посвои Карлос (14), Гвадалупе (13), Марија (12), Селена (10), Наса (9) и Макс (7).

„Судијата праша: „Дали разбирате дека тоа се ваши деца? Исто како да се ваши биолошки деца?“. Очигледно дека ни беше јасно, но моментот беше емотивен. Никогаш не ни замислувавме дека ќе имаме шест деца“, се присети Стив на моментот на посвојувањето во интервју за „Good Morning America“.

Стив и Роб се заедно повеќе од 18 години. Се венчале во 2013 година. Од претходните бракови имаат две возрасни деца. Кога нивните деца пораснале, решиле да посвојат.

„Ни се скршија срцата кога ја слушнавме приказната за овие браќа и сестри, знаевме дека не можеме да дозволиме да ги разделат“, додаде Стив.

Децата поминале речиси половина деценија во сиропиталиште. Тие претходно биле одземени од нивните родители поради запоставување и злоупотреба.

„Веднаш се заљубивме во нив“, истакна тој.

Децата ги запознале во јуни 2018 година. Ги однеле во зоолошка градина. Сè им било ново и забавно. По една недела ги прашале Стив и Роб дали можат да останат со нив засекогаш.

„Моравме да го убедиме Макс дека тој ќе биде наш син засекогаш. Живееме заедно веќе три години, но се чини како да помина многу повеќе време. Не постојат правила кога станува збор за семејство и љубовта што ја споделуваме“, заклучи Стив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот