Геј пар испиша историја: Склучен првиот истополов брак во Грција

Фото: Принтскрин/ Икс/ @HomoGenius3

Нешто повеќе од две недели откако Грција го усвои нацрт-законот за признавање на истополовите бракови, активистите за правата на ЛГБТК+, Ставрос Гаврилијадис и Димитрис Елефсиниотис станаа првата истополова двојка што легално стапила во брак, пренесува „Јаху“.

На граѓанската венчавка, која се одржа во градското собрание на Неа Смирни, предградие на Атина, во саботата, на 3 март, беше присутен и Константинос Анагностопулос, заменик-градоначалникот на градот.

Додека Грција законски ги призна истополовите заедници од 2015 година, новата легислатива што грчкиот парламент го усвои на 15 февруари 2024 година, им дава целосно брачно признавање на истополовите двојки, што ја прави првата христијанска православна земја која им дава такви права на ЛГБТК+ заедница.

Гаврилијадис и Елефсиниотис, кои се заедно 20 години, имаат три деца. Досега не можеа да бидат препознаени како двајцата родители на нивните деца. Меѓутоа, за прв пат во Грција, новиот закон за брак дозволува истополовите парови да бидат признати како родители на децата на нивниот сопружник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот