Гедбан го продолжи договорот со Вардар

Фото: РК Вардар

Алжирскиот интернационалец Гедбан и клубот ја активираа клаузулата според која доколку и двете страни се задоволни, тој ќе остане уште најмалку една година во Скопје.

Тој е првиот ракометар од Алжир како дел од тимот на Вардар и воопшто прв играч од Африка што игра за „црвено-црните“. Дојде како млад и перспективен ракометар кој на повеќе натпревари го покажа квалитеот што го поседува.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Со екипата на Вардар стигна до четири трофеи сезонава, во домашното првенство, домашниот Супер куп, СЕХА Газпром лигата и ЕХФ Лигата на шампионите.

– Калифа во Вардар сезонава со своите настапи покажа многупати дека е квалитетен голман. Ние одамна го препознавме тој квалитет и веруваме дека неговите игри ќе бидат уште подобри. Со младоста, квалитетот и посветеноста ветува дека ќе израсне во врвен играч. Задоволни сме што и тој останува во Скопје и што заедно ќе одиме во уште една сезона и ќе го напаѓаме европскиот врв – изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Претходно соработката со клубот ја продолжи и словенечкиот организатор на играта, Сташ Скубе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот