Газдата на „Дурмо турс“, во чиј автобус загинаа 16 луѓе, бара пак да му го одложат одењето во затвор

Дурмиш Белули до Судот испратил пусулче од лекар-специјалист во кое пишува дека морало да одмора 20 до 30 дена по операцијата која му била извршена на 1 декември

Дурмиш Белули, сопственикот на транспортната компанија „Дурмо турс“ од Гостивар, кој е осуден на десет години затвор за трагедијата кај Ласкарци во која загинаа 16 луѓе, бара ново одложување на одењето во „Идризово“.

Судијата Ќирко Михајлоски изјави за „Телма“ дека во петокот во гостиварскиот суд пристигнало барање заедно со извештај од доктор-специјалист, според кој на Белули му е неопходно мирување постоперативно, најмалку од 20 до 30 дена од операцијата која му беше направена на 1 декември.

Михајлоски рече дека утре повторно ќе земе изјава од докторот што го оперирал Белули од кила на тестис во тетовската болница и ќе одлучи пред истекот на рокот, според кој сопственикот на „Дурмо турс“, треба да се појави во „Идризово“ до 15 часот утре.

Второобвинетиот Ремзи Мифтари, шеф на возниот парк во компанијата, е во бегство и по него е распишана потерница, откако не се појави во „Идризово“ на издржување на 10-годишната казна. Претходно и тој го одлагаше одењето во затвор поради оперативен зафат.

Апелација со повисоки казни за дел од обвинетите за Ласкарци – сопственикот на „Дурмо турс“ треба да оди 10 години затвор

Во 2019-та година во близина на село Ласкарци, автобус на „Дурмо турс“ излета од патот и загинаа 16 луѓе, а над 30 беа повредени.

Три големи трагедии, ниту еден правосилно осуден виновник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот