Газда го фати крадецот на „ренџ роверот“ – Слободен печат
ВестиХроника

Газда го фати крадецот на „ренџ роверот“

Еден од крадците бил откриен од сопственикот на возилото, кој ја алармирал полицијата.

Државјанин на Србија, според ОЈО пред пет дена на улицата „Орце Николов“ во Скопје, заедно со уште едно засега непознато лице, сакале да украдат автомобил, но не успеале. Еден од крадците бил откриен од сопственикот на возилото, кој ја алармирал полицијата.

„Осомниченото лице со употреба на шрафцигер го скршил задното десно стакло на паркирано патничко моторно возило „ренџ ровер“ сопственост на фирма. Потоа влегол во возилото и со електронски уред за декодирање и клуч за стартување се обидел да го стартува возилото. Во тој момент, од блискиот ресторан излегол сопственикот и го фатил крадецот.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Јавниот обвинител ценеше дека притворот е единствена соодветна мерка за да се обезбеди присуство на осомничениот во текот на истражната постапка, особено со оглед на тоа што се работи за српски државјанин за кого постои информација дека е предмет на национална потерница на српските државни органи“, се вели во соопштението од ОЈО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close