Гаши: Цврсто стоиме на страната на секоја жена и девојка
Собранието вечерва беше осветлено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, која се одбележува на глобално ниво и претставува повик за акција и солидарност со жртвите.
Препорачано
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на Фејсбук истакна дека овој потег не е само визуелен симбол, туку „јасна и моќна порака“ дека највисоката претставничка институција цврсто стои на страната на секоја жена и девојка.

„Нека портокаловата светлина послужи како повик за размислување, а заедно со оваа светлина да се разбуди и надежта за општество каде секоја жена и секоја девојка живее без страв, почитувана и заштитена“, напиша Гаши.
Генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска, додаде дека одлуката законодавниот дом да биде осветлено во портокалово не е само симболика, туку силна порака за нетолеранција кон било каков облик на насилство врз жените и девојките.
„Заеднички да градиме општество во кое секоја жена живее без страв, почитувана и заштитена“, вели Димовска.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


