Ганиу: Плативме дел од долгот, греење ќе имаме за два дена

Висар Ганиу, градоначалник на Чаир / Утрински брифинг

Општина Чаир вчера платила два милиона од вкупниот долг кој изнесува девет милиони евра, по што добиле одговор дека ќе имаат парно греење за само два дена.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и потпретседател на Заедницата на единиците на локална самоуправа на денешната прес-конференција информираше дека Општина Чаир имала долг од девет милиони евра, при што усно се договориле со институциите кон кои должат, неделно да исплаќаат по 700.000 денари.

– Правиме напори да ги добиеме средствата од фирмите што имаат долг, со цел да го исплатиме целиот долг. Минатата година плативме околу 500.000 денари за електрична енергија, а сега сметката е 1,4 милион денари, и покрај тоа што воведовме рестрикции и намалено трошење на осветлувањето, рече Ганиу.

Тој додаде дека проблемот настанува и поради тоа што над 70 проценти од домаќинствата од Бутел и Чаир во последните неколку години не ги користат услугите на Топлификација, но смета дека мора да се направат измени со кои училиштата нема да треба да плаќаат индустриска струја, бидејќи како што вели самиот, тие не произведуваат ништо, а од друга страна поради високите сметки за струја, се во опасност да останат со ладни радијатори.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот