ГАЛЕРИЈА | „Тајм“ 100: Меган и Хари меѓу највлијателните личности во светот

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Магазинот „Тајм“ ја објави својата традиционална листа на највлијателните луѓе во светот од различни области.

Пинцот Хари (37) и неговата сопруга Меган Маркл (40) се меѓу 100 -те највлијателни луѓе во 2021 година според изборот на „Тајм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Janelle (@royalreplimeghan)

Меган е облечена во бело, а Хари во црно додека двајцаат гледаат директно кон фотоапаратот.

„Во свет во кој секој има мислење за луѓето што не ги познава, војводата и војвотката имаат сочувства кон луѓето што не ги познаваат“, стои во текстот за нив.

Имено, писателот Хозе Андрес, основач на World Central Kitchen добротворна организација со која војводата и војвотката од Сасекс работеле порано, напиша есеј за славниот пар Хари и Меган. Меѓу другото, тој издвои дека Меган и принцот Хари ризикуваат за да им помогнат на оние на коишто тоа им е потребно, особено во однос на менталното здравје и на оние што се погодени од природни катастрофи во Индија и на Карибите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TIME (@time)

Двајцата се на листата „икони“, на која се наоѓаат и Наоми Осака, Бритни Спирс, Доли Партон, Алексеј Навални…

Музичката ѕвезда Били Ајлиш се најде на листата „Пионери“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TIME (@time)

Меѓу 100 -те највлијателни се најдоа и Симон Бајлс, Том Брејди, Тим Кук и други на листата „Титани“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TIME (@time)

Меѓу уметниците на листата се актерките Кејт Винслет и Скарлет Јохансон, пејачите Лил Нас Х, Бед Бани, …

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TIME (@time)

Листата на „Иноватори“, меѓу другите, го вклучува и Елон Маск.

Текстовите за сите луѓе кои се прогласени за највлијателни ги напишаа гостите, па така богата наследничка Парис Хилтон го потпиша текстот за пејачката Бритни Спирс.

По повод оваа листа, магазинот „Тајм“ објави неколку насловни страници на кои се луѓето кои се најдоа меѓу 100-те највлијателни во светот.

Главниот уредник на „Тајм“, Едвард Фелсентал, рекол дека на листата на 100 највлијателни има „извонредни лидери од целиот свет кои работат на изградбата на подобра иднина“.

На оваа листа, која не е рангирана, се наоѓаат 54 жени. Таа ги вклучува политичарите како американскиот претседател Џо Бајден, американската потпретседателка Камала Харис и поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Специјалното издание на „Тајм“ ќе биде во продожба в петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот