Бесплатни лекарски прегледи / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

ГАЛЕРИЈА | Бесплатни лекарски прегледи пред ЈЗУ „Железничар“ за Светскиот ден на здравјето

На граѓаните кои дојдоа им беше измерен крвен притисок, шеќер, висина и тежина, обем на струк и колк, а добија и консултации со медицински лица, како и други совети за здрав живот.

По повод Светскиот ден на здравјето ЈЗУ ЗД Железничар Скопје пред установата организира двочасовни бесплатни, превентивни прегледи со цел навремено откривање и превенција на заболување.

Бесплатни лекарски прегледи / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

На граѓаните кои дојдоа им беше измерен крвен притисок, шеќер, висина и тежина, обем на струк и колк, а добија и консултации со медицински лица, како и други совети за здрав живот.

Бесплатни лекарски прегледи / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Во акцијата учестуваа и од Хема-онко – Здружение за помош и поддршка на пациенти со хематолошки заболувања и нивни негуватели, кои ги информираа граѓаните за хематолошките заболувања, исто така ги едуцираа за здравиот начин на исхрана, со цел подобрување на квалитетот на животот на овие пациенти.

Бесплатни лекарски прегледи / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Настанот беше збогатен со изложба на цртежи на Живко Поповски Цветин под мотото: „Цвеќе, Здравје, Мир“.

Присутни беа и поетите: Драгица Пандиловска, Павле Стојановски и Љубица Бунтеска, како и оперската певица Серафина Фантаузо.

Бесплатни лекарски прегледи / Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Бесплатни лекарски прегледи / Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Бесплатни лекарски прегледи / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот