Габриел Бајрам и синот биле двајцата насилници кои натепаа келнер што не им давал да кршат чинии

Габриел Бајрам/ Фото Фејсбук

На советникот во Град Скопје Габриел Бајрам му е изречена мерка притвор, откако полицијата му поднесе кривична пријава за кривичното дело Насилство, соопшти МВР.

Како што соопштија од МВР, Бајрам (син на починатиот поранешен пратеник Амди Бајрам), вечерта на 28 јули, заедно со син му, во угостителски објект на подрачјето на Чаир физички нападнале вработен таму и оштетиле дел од инвентарот во објектот.

„Денеска (30.07.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против Г.Б.(40) и В.Б.(21), за сторено кривично дело „насилство“, по чл.386 од Кривичниот законик. Тие на 28.07.2022 околу 23.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Чаир физички нападнале едно лице вработено таму и оштетиле дел од инвентарот во објектот. Лицата се изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна на Г.Б. му е изречена мерка притвор, а на В.Б. му се изречени мерки на безбедност“, се вели во соопштението.

Татко и син на роденденска забава во Чаир нападнале човек откако тој не им дал да кршат чинии

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот