Габи Новак „закачила“ тешко воспаление на белите дробови, лежела покрај заболените од „корона“, едвај се извлекла

facebook

– Како сум? Што да ви кажам? Се снаоѓам во половина уништен стан (од земјотресот, н.з). Имав воспаление на белите дробови, лежев покрај собите во кои беа сместени пациенти со коронавирус. Едвај се извлеков – рекла познатата хрватска пејачка Габи Новак (83), за сараевски „Аваз“.

Енда од најголемите музички диви на просторите на поранешна Југославија, искрено и отворено проговорила за тоа што ѝ се случува во овие тешки времиња.

– Многу грдо…Земјотресот се случи додека бев во болница. Сега сум дома. Не знам од каде да почнам зашто мајсторите се зафатени, оџакот се урна, чекаме да видиме што ќе правиме со греењето, кога ќе се поправи…Воглавно сум во еден многу грд и тажен период. Не само јас, туку цел Загреб. Сите сме во изолација. Мислам дека пандемијата нема уште долго да се смири, рекла Габи.

Сепак, таа не го губи оптимизмот, па верува дека од епидемијата ќе земеме здив барем во август.

– На децата кои живеат во изолација, за жал, ќе им биде тешко во животот. А ние, кои се боревме…Еве, што пројдовме во последните 30 години, колку загинаа за ништо, се можеше да биде поинаку.

Новак додава дека без соживот не се може.

– Како што мојот Арсен напиша: „Го чистам својот живот“. Тоа беше негов слоган. Во животот ги исфрлаш погрешните луѓе, лошата храна, лошото поднебје…, – објаснува жената која со Арсен Дедиќ проживеа голем дел од својот живот.

Во оваа пандемија таа сепак, гледа точка надеж за човештвото.

– Можеби ова повторно ќе не обидени. Заедно поминуваме низ пекол, цел свет, – вели Новак, која додава и важна порака. – Во самоттијата човекот доаѓа до себе. Ако знаеш да ја искористиш самотијата, тогаш во неа мораш себеси да се бараш, да видиш до каде си дојден. Самотијата не е бегство, туку ти служи да стигнеш до сопствените спознавања. Самотијата е чистење, – порачува Новак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот