ФЗО: Доцнење на исплата на надоместоци има при ненавремен поднесок и некоректни документи

Исплатата на надоместоците за боледувања и за породилни отсуства се реализираат редовно, односно исплати се вршат три пати неделно, информираат од Фонд за здравствено осигурување (ФЗО) на Македонија.

Поголем дел од исплатите за ноември, според нив се завршени, а доколку кај одредени осигуреници не е реализирана исплата, истите треба да проверат кај својот работодавач, дали се поднесени нивните документи навремено и дали истите се коректни. Исто така, од ФЗО објаснуваат дека за навремена исплата, работодавачот треба навремено да ги уплаќа придонесите за здравствено осигурување.

– При доцнење на исплата на надоместоците, најчесто станува збор за ненавремено поднесување на документи, некоректна документација и (несовпаѓање на бројот на часови кои ги доставува работодавачот до Управата за јавни приходи), како и нередовно плаќање на придонесите од страна на работодавачот, соопштија од ФЗО.

Откако осигуреното лице ќе изврши проверка со работодавачот, од ФЗО појаснуваат дека тогаш треба да се јави во соодветната подрачна служба на Фондот каде претходно се поднесени барањата за да се утврди дали треба да се направи корекција на часови во МПИН декларација на УЈП.

Обично последниот месец од исплатата на надоместоците за породилно отсуство се прима надоместокот откако ќе заврши месецот, со цел часовите во МПИН да се прикажат согласно ИСР образецот. Доцнење има во случај кога датумот на завршување на боледувањето не е усогласен со ИСР образецот што го издава матичниот лекар, што не е по вина на Фондот туку по вина на самиот работодавач кој не ги прикажал часовите точно, информираат од ФЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот