Фуере: Софија треба да го признае македонското малцинство во Бугарија

Ерван Фуере/Фото: Архива

Поранешниот амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија, Ерван Фуере, во изјава за порталот indeks.mk зборува за процесот на уставни измени во државата и за спорот меѓу Скопје и Софија.

Тој вели дека освен Северна Македонија и Софија мора да покаже големина во спорот со Скопје, но и да ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права во однос на македонското малцинство во Бугарија.

– Изборите пред македонскиот народ се тешки. Ако Бугарија сака да биде запаметена како земја членка на ЕУ која ги почитува и се придржува до основните принципи на човековите права и основните вредности на кои се заснова ЕУ, тогаш мора да ги прифати и спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права во однос на македонското малцинство во Бугарија по одобрувањето на уставните измени од парламентот на Северна Македонија, изјавил Фуере.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот