Фудбалски празнично во знакот на браќата Ристовски!

фото: instagram.com/FFMacedonia

Македонија денеска слави 29 години независност, а денешниот ден 8 септември на фудбалски план нема да го заборават двајцата браќа Стефан и Милан Ристовски.

Празничен ден кој за наша среќа помина без пораз за двете наши најдобри фудбалски репрезентации.

На дуелот од квалификациите за ЕП младата У21 селекција триумфираше со 1:2 против Фарски Острови за три важни бода од Торшавн.

Водечкиот погодок (0:1) за надежите го реализираше играчот на хрватскиот клуб, Милан Ристовски (22).

Сениорите одиграа храбро реми во Тбилиси против Грузија во рамките од Лигата на нации, а израмнувачкиот погодок беше дело на постариот брат на Милан, Стефан Ристовски (22) кој воедно ги брани боите на португалската екипа Спортинг Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот