Фудбалерка на ПСЖ организирала да биде претепана нејзина колешка за да и го земе местото во тимот

Скандал го тресе женскиот фудбалски клуб на ПСЖ/ фото: EPA-EFE/GEOFF CADDICK

Фудбалерката на ПСЖ, Амината Дијало е приведена во полиција поради сомневања дека ангажирала двајца хулигани да ја претепаат нејзината колешка од клубот, Кира Хамруи ѝ и нанеле тешки телесни повреди.

Двајцата маскирани напаѓачи го запреле автомобилот во кој била Хамруи, ја извекле надвор и ја претепале, првично удирајќи ја по нозете.

Полицијата потврди дека напаѓачите биле ангажирани од Амината Дијало бидејќи на тој начин сакала да ја осфрли Кира Хамруи од тимот и да и го зеде нејзиното место.

„Нашиот клуб доби известување дека Амината Дијало утринава е приведена во полиција како дел од истрагата на нападот на наша фудбалерка кој се случи минатиот четврток. Го осудуваме секое насилство и клубот ги презеде сите мерки за да за да го заштити здравјето и безбедноста на фудбалерките. Соработуваме со полицијата за да се расветлат сите детали“, стои во соопштението на ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот