Фудбалерите се преценета роба, играчот вреди 10 милиони, а ние го продаваме за 40 милиони евра

epa04703947 FC Porto's President Jorge Nuno Pinto da Costa attends his team's training session at Dragao stadium in Porto, Portugal, 14 April 2015. FC Porto will face FC Bayern Munich in the UEFA Champions League quarter final first leg soccer match on 15 April 2015. EPA/ESTELA SILVA

Португалскиот шампион Порто во летниот преоден рок заработи дури 126 милиони евра од продажба на своите фудбалери.

Португалскиот гигант Порто во последните седум години го загуби приматот на најдобар тим во домашниот шампионат, ја освои титулата само два пати, додека Бенфика дури пет пати го крена шампионскиот пехар, а тоа се одрази и на финансиите.
Неучеството во Лигата на шампионите минатата сезона како и пандемијата на коронавирусот силно го погодија Порто кој мораше да ги продава дел од своите најдобри играчи за да „преживее“.

И Порто во летниот преоден рок помина одлично, претседателот на тимот Пинто да Коша откри дека од трансферите остватиле профит од 126 милиони евра.
– Според актуелната состојба на трансфер пазарот, нашиот цел тим вреди 76 милиони евра, а ова лето од продажба на нашите фудбалери заработивме дури 126 милиони евра. Како е возможно тоа? Тоа е демонстрација на тоа колку фудбалерите на преценета робаизјави да Кошта.

Првиот човек на португалскиот тим своите зборови најдобро ги објасни прекуи примерот на продажбата на Фабио Силва. Тинејџерот кој се смета за еден од најголемите таленти ова лето беше продаден на Вулверхемптон за 40 милини евра.

– Продажбата на Фабио Силва е одлична работа за нас од економска гледна точка. Тој имаше откупна клаузула од 10 милиони евра, а Вулверхемптон го плати 40 милиони. Токму затоа неговата продажба беше важна за нас – вели да Кошта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот