Фудбалери на Баерн основаа фонд за борба против коронавирус, а не се ниту вакцинирани

Кимих и Горецка донираа по милион евра во борбата против коронавирусот/ фото: EPA-EFE/ALEXANDER HASSENSTEIN

Фудбалерите на Баерн Минхен во наредниот период ќе бидат без тренерот Јулијан Нагелсман кој е позитивен на коронавирус.

Сега фудбалерите на баварскиот тим одлучија поактивно да се вклучат во борбата против коронавирусот и Џошуа Кимих и Леон Горецка основаа фонд „Да ја шутнеме короната“ која се грижи за болните од коронаворусот. Двајцата фудбалери донираа по милион евра за оваа акција, а претходно Кимих донираше и половина милион евра на УНИЦЕФ.

– Секој од нас може да направи короната да не се шири, а сите заедно можеме да дадеме допринос заедницата да биде побезбедна – изјави Кимих.

Интересно Кимих донира милион евра за новата фондација, а тој заедо со уште четворица фудбалери се уште не се вакцинирани, пишува „Билд“.

Од друга страна, Нагелсман кој е во карантин, е голем заговорник на вакцинацијата.
– Прашајте ги медицинските работници низ каков пекол поминуваат луѓето кои не се вакцинирани. Затоа сум поборник на вакцинацијата и верувам дека тоа е за доброто на сите, но никогаш не би наговорал некого на било што – изјави Нагелсман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот