Фуат Октај: Шведска и Финска сѐ уште не ги исполниле условите на Турција за влез во НАТО

Фуат Октај / Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Турските власти сѐ уште не гледаат конкретни чекори од Шведска и Финска за да ја принудат Анкара да ја преиспита својата позиција за пристапувањето во НАТО на двете северни земји, изјави турскиот потпретседател Фуат Октај за Си-Ен-Ен-Турк.

– Очекуваме конкретна акција од Шведска и Финска, изјави Фуат Октај, коментирајќи го ставот на Турција во пресрет на самитот на НАТО во Мадрид, на кој треба да се разгледа прашањето за приемот на двете северни земји во НАТО.

Октај појасни дека досега не се преземени чекори согласно барањата на Турција.

Под „конкретни” чекори турскиот потпретседател подразбира забрана на активностите на организациите кои Турција ги смета за терористички во Шведска и Финска и писмени обврски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот