Фронт 21/42: Власта мачка очи за дивоградбите во охридско

фото Архива

Отстранувањето на дел од конструкциите на плажите, излезе дека е главната активност на нашите институции пред да заседава Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на кој ќе се расправа за судбината на Охридското Езеро, но тоа е многу, многу далеку од „одлучно постапување“ со дивоградбите, ја коментираат акцијата за уривање на дивоградбите во охридскиот регион од граѓанското еколошко здружение Фронт 21/42.

Екологистите потсетуваат дека, од регистрирани 19.935 нелегални градби, во Охрид, 2.348 се во рамки на Националниот Парк Галичица, дека меѓу дивоградбите има 475 станбени згради, 358 се деловни објекти, има 22 нелегални хотели и хотелски комплекси, а како сопственици на дивоградбите се појавуваат и големи компании како Македонски Телеком, Макпетрол, ЕВН, РЕМИС, Витаминка и Ројтем Прилеп, ТТК Банка, Халк Банка, Експорт-Импорт Банка, Охридска Банка АД Охрид, Охридска Банка АД Скопје, НЛБ Тутунска. Дивоградби имаат и МПЦ и ИВЗ, па дури и Општина Охрид е сопственик на нелегални објекти на сопствената територија, тврдат од Фронт 21/42.

И додека сите претходни власти на овие простори го пренесле вредното природно и културно наследство на Охридскиот Регион речиси негибнато, од осамостојувањето на денешна Македонија, во 1991 година, започнува уништувањето на неговите вредности, сметаат екологистите од Фронт 21/42.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот