Фридом Хаус: Слободата на интернетот опаѓа 12-та година по ред

 Веќе 12-та година по ред, слободата на интернетот опаѓа на глобално ниво, се вели во извештајот на Фридом Хаус, кој ја гледа причината во влошувањето на условите главно во Русија, но и во Мјанмар, Судан и Либија.

„Руската инвазија врз Украина ја ослабе слободата на интернет не само во Русија и Украина, туку и во целиот свет”, вели Али Фанк, еден од авторите на извештајот.

Нивото на оваа слобода во Русија годинава падна за седум поени – историски пад за државата, особено поради блокирањето на веб-страници и социјални мрежи од страна на Кремљ, „кој се обидува да ги цензурира сите дисидентски публикации по повод неговата т.н. специјална воена операција во Украина”.

Сепак, според Али Фанк, ситуацијата во светот „всушност е многу попозитивна од порано”.

Од 70 анкетирани земји, 26 покажуваат напредок – особено Гамбија, која неодамна стави крај на дводецениската диктатура и Зимбабве, која неодамна донесе закон за заштита на податоците.
„Во останатиот дел од светот, пак, ситуацијата не е многу розова”, предупредуваат од организацијата. Кина се уште е на дното на рангирањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот