Француско-германска комеморација по повод Денот на примирјето од Првата светска војна

По повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост, амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија денеска на француските воени гробишта во Скопје ќе одржат комеморација.

Како што информира Француската амбасада во Скопје, предвидено е присуство на претставници на државните и општинските власти, на дипломатскиот кор и граѓанското општество. Обраќање ќе има амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.

На комеморацијата, како што се наведува во соопштението, ќе бидат положени венци пред споменикот на паднатите борци на денот кога Франција и Германија го одбележуваат помирувањето меѓу двете држави како уште еден доказ за француско-германското пријателство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот