Француска фармацевтска компанија осудена за лек за слабеење што се смета за одговорен за стотици смртни случаи

Фото: EPA/LASZLO BELICZAY HUNGARY OUT

Фармацевтската група „Сервие“ е осудена на парична казна од 2,7 милиони евра, а Агенцијата за лекови на казна од 303.000 евра по судењето за скандалот со лекот „Медијатор”, јави дописникот на МИА.

Жан-Филип Сета, поранешен втор човек на лабораториите на „Сервие“, беше осуден на четири години условна казна затвор.

Паричната казна од 2,7 милиони евра за лабораториите „Сервиер“ е поради „тешка измама” и „ненамерни убиства и повреди” во здравствениот скандал на нивниот лек „Медијатор”, кој се смета за одговорен за неколку стотици смртни случаи.

Лабораториите „Сервиер“ ја „ослабнаа довербата во здравствениот систем, изјави претседателот на судот, Силви Донис.

Од друга страна, лабораториите беа ослободени од фактите за „измама”.

Националната агенција за безбедност на лекови (АНСМ), која е осудена за одложување на суспендирањето на продажбата на „Медијатор”, е казнета со 303.000 евра. Кривичниот суд смета дека Агенцијата „не успеала во (улогата) на здравствена полиција и полицаец на лекови” и изрече максимална казна од 225.000 евра за „убиства и присилни повреди” од небрежност, на кои се додаваат парични казни до 78.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот