Франција: Кампањата за вакцинација против ковид-19 ќе чини меѓу три и четири милијарди евра

Фото: EPA-EFE/MARTIN BUREAU / POOL MAXPPP OUT EPA-EFE/MARTIN BUREAU / POOL MAXPPP OUT

Кампањата за вакцинација против ковид-19 ќе ја чини Франција меѓу три и четири милијарди евра, изјави денеска францускиот ресорен министер, Оливие Варан за радио „Јуроп 1“.

Франција е погодена од третиот бран на епидемија на коронавирусот, а земјата се бори со сè поголем број на нови инфекции, што го натера премиерот Жан Кастекс да најави поостри мерки за спречување на понатамошно ширење на ковид-19 во поширокото подрачје на Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот