Франција: Четворица поранешни раководители на Мекдоналдс во притвор под сомнение за затајување данок

Фото: EPA-EFE/ASHLEY CROWDEN

Четворица поранешни раководители на Мекдоналдс во Франција завршија во притвор под сомнение за затајување данок. Француските даночни власти се надеваат дека ќе вратат „од 300 до 600 милиони евра, па дури и милијарда” евра данок, јави дописникот на МИА.

Четворицата поранешни високи раководители на Мекдоналдс беа приведени во полиција денеска, како дел од прелиминарната истрага на Националното финансиско обвинителство за сомневање за затајување данок, соопшти извор запознат со ова прашање.

Француските даночни власти се надеваат дека ќе успеат да добијат „од 300 до 600 милиони евра, па дури и милијарда” на неплатен данок, јавија француски медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот