Французите го нападнаа Ѓоковиќ: Неговите солзи се лажни

Нова неправда кон првиот светски рекет,Новак Ѓоковиќ/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Новак Ѓоковиќ загуби во финалето на УС Опен од Данил Медведев во три сета (6:4,6:4,6:4) и го сруши сонот на српскиот тенисер за календарски слем.
Ѓоковиќ сонуваше за триумф во Њујорк со што ќе станеше првиот тенисер по Род Лејвер од 1969 година кој победил на сите четири грен слем турнири во една година, но Медведев му ги сруши сонот.

Ѓоковиќ на крајот заплака, прво на теренот кога конечно ја доби поддршката од навивачите, односно целиот стадион „Артур Еш“ навиваше за него, а Медведев се најде во позиција во која дотогаш беше Новак посебно во мечевите кога играше против Рожер Федерер во минатото. Потоа Ѓоковиќ не можеше да ги задржи солзите ниту на прес-конференцијата.

Францускиот магазин „Лекип“ објави разговор со спортскиот психолог Изабел Иншаусп која го обвини Ѓоковиќ дека неговите солзи биле лажни.
– На него ништо не му верувам. Не верувам дека плачеше. Не знам дали му го видовте лицетот кога се врати по паузата. На теренот повеќе не плачеше – изјави Иншаусп која смета дека тоа биле психолошки игри на српскиот тенисер.

– Мислам дека неговото его доживеа таков удар по што се обиде со шаховска стратегија, мислејќи дека Медведев ќе попушти доколку се случи нешто што не може да поднесе. Тоа го направи за да го сврти мечот – додава Иншаусп.

Но, друг психолог со кој „Лекип“ разговараше, Мерием Салми има поинакво мислење.
– Ѓоковиќ не лаже, невозможно е да се одглуми такво нешто – рече Салми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот