Францускиот предлог ќе оди на пленарка, малите партии бараат измени на документот за да дадат поддршка

Собраниска седница / Фото: Слободен Печат - Драган Митрески

За модифицираниот француски предлог ќе расправаат пратениците на пленарна седница и ќе бидат изгласани заклучоци. Ова било договорено на средбата синоќа на премиерот Димитар Ковачевски со помалите владини партнери ДС, ДОМ и ЛДП кои условиле со свои барања за да дадат поддршка на францускиот предлог.

Павле Трајанов (ДС), Маја Морачанин (ДОМ), Горан Милевски (ЛДП)

Од ДОМ на Ковачевски му предочиле дека за нив е неприфатливо внесување на билатералните прашања во процесот на преговори. Неприфатливо е годишните прегледи или извештаи кои ги реферираат историските и образовните прашања да бидат дел од преговарачкиот процес. Од ДОМ добиле уверување дека билатералниот протокол ќе биде објавен денеска или најдоцна утре, а од партијата побарале сите документи да бидат преведени и објавени на македонски јазик.

Според ДОМ, добиле уверување дека чисти се позициите за македонскиот јазик, ќе нема ниту фус нота, ниту ѕвездичка, односно дека македонскиот јазик и идентитет се гарантирани. Од партијата на Маја Морачанин велат дека поддршката за францускиотр предлог ќе зависи од содржината на протоколот, но напоменуваат дека ако историските и образовните прашања се дел од процесот на преговори, тие нема да дадат поддршка. Ако ДОМ не го поддржи францускиот предлог повеќе нема да биде дел од владината коалиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот