Францускиот филм „Дивертименто“ ќе има проекција во рамките на Недела на франкофонски филм
Францускиот институт во Скопје во програмата на Недела на франкофонски филм ќе го прикаже францускиот филм „Дивертименто“ (2023) на режисерката Мари-Кастиј Мантијон-Шар, сo актерките Улаја Амамра, Лина Ел Араби и Ниелс Ареструп. Проекцијата ќе се одржи на 20 март, со почеток во 20 часот, во Кинотека.
Препорачано
Филмот е снимен според вистинска приказна и го раскажува сонот на две млади музичарки, обете сестри Французинки со алжирско потекло. Тие сонуваат да му ја приближат класичната музика на секој жител во светот, а тој сон е остварлив само со одлучност, страст, храброст и, пред сè, извонреден план за формирање сопствен оркестар насловен „Дивертименто“.
„Актерскиот тим е неверојатен, а животната приказна во филмот на младите ќе им покаже како треба да се изборат за остварување на своите соништа, но повеќе од тоа“, напиша францускиот весник „Паризјен“.
Филмот се прикажува во рамките на Неделата на франкофонски филм, по повод одбележувањето на Месецот на Франкофонијата. Филмот е со превод на македонски јазик.


