Франција ја враќа својата амбасада во Киев

Жан-Ив Ле Дријан/ Фото EPA-EFE/Sean Gallup / POOL

Франција „многу наскоро“ ќе ја врати својата амбасада во Украина во главниот град Киев од западниот град Лавов, му соопштил министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан на својот украински колега Дмитро Кулеба во телефонски разговор, пренесува Ројтерс.

Француската амбасада беше преместена во Лавов на почетокот на март, откако условите на теренот се влошија во моменти кога Русија ја нападна Украина кон крајот на февруари, се вели во соопштението на Министерството.

Европските политичари се собраа во главниот град на Украина откако руските сили се повлекоа од северот на земјата наспроти силниот украински отпор претходно овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот