ФОТО+ВИДЕО | Запознајте го најголемото куче во Лондон! Децата мислат дека е теле

Фото: Инстаграм

Големата дога Диего е најголемото куче во Лондон. Тежи помеѓу 90 и 95 килограми, вели Карлос, неговиот сопственик, и достигнува над 183 сантиметри кога стои на задните нозе. Карлос Да Силва вози старински мотор К-750 и како вистински мотоциклист носи кацига и очила за сонце. До него, во приколка со две тркала, седи Диего, висока црно-бела дога. Носи пар очила специфични за кучиња (познати како „доглс“ (doggles)). Големите уши му се виорат на ветрот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carlos Pezao (@diegodogaouk)

Огромен, но нежен миленик

Сето тоа е дел од секојдневната рутина на Диего и Карлос, кои патуваат од дома до гаражата што Карлос ја поседува и работи шест дена во неделата. Приколката е за сончеви денови. Кога врне, тие патуваат со метро.

– Ако ја допрам приколката, тој знае дека ќе излеземе. Ако облечам палто или земам кацига, тој знае дека следи возење. Не беше тешко да се тренира Диего да се вози во приколка. Догите се мрзливи – тие се кучиња кои најмногу сакаат да седат. Каде и да одат, тие седнуваат… Го ставив на приколка и тој седна, и тоа е тоа. Диего толку многу ја сака приколката што со нетрпение ќе ја чека на улица ако го слушне брмчењето на моторот – вели Карлос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carlos Pezao (@diegodogaouk)


Еднаш Диего исчезнал од гаражата. Карлос го нашол надвор на семафор, како да се чудел зошто моторот што го возел механичар за поправка заминал без него.

Диего најважен член во семејството

Карлос, по потекло од Бразил, го купил Диего во 2015 година. Неговата сопруга Ели се плашела од кучиња. На Божиќ добиле повик: на одгледувачот му останала една дога. И така Карлос тргнал да го земе Диего. Ели била воздржана, но Диего победил.

„Сега, ако ја замолам да избере помеѓу мене или Диего, Диего ќе остане“, вели Карлос. „Таа прави се за нив – тие ја контролираат куќата.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carlos Pezao (@diegodogaouk)

Шестгодишниот Диего има „посвоен брат“ Нелсон од две години, Во моментов, само Диего патува во приколката, но Карлос сака да го научи и Нелсон да се вози и со него.

„Нелсон е сосема друго куче“, вели Карлос, објаснувајќи дека таму каде што Диего е мирен, Нелсон е нервозен, се плаши од помали кучиња. „Како дога, тој е поактивен. Тој е палав – тој е спротивност на Диего.“

И покрај разликите, двете кучиња се најдобри пријатели, вели Карлос, иако Нелсон, и покрај тоа што е за околу 30 килограми полесен од Диего, е „алфа“. Разликата меѓу него и Нелсон во големината е генетска, Нелсон е помускулест, вели нивниот сопственик.

„Ако другите кучиња ручаат и само „трепнат“, Диего ќе им ја земе храната“. Познато е дека Диего краде храна од странци, од Карлос – и од садот на Нелсон. Карлос се обидел да го стави Диего на диета, но не успеал бидејќи странците во паркот подготвени ќе го споделат својот оброк со оваа омилена дога, а тука е и прашањето за пицата.

„Ако види пица, неговата омилена храна, полудува – тој е друго куче. Ќе направи сѐ за пица“, објаснува тој. Шест години откако го добил Диего, тој и Карлос се неразделни. „Каде и да одам, го земам Диего“, вели Карлос.

Гордиот сопственик вели дека децата често помислуваат дека Диего е теле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carlos Pezao (@diegodogaouk)

Видео на денот