ФОТО+ВИДЕО | Уникатно село во Полска: Во Сулошова сите жители живеат на една улица

Фото: Принтскрин/Фејсбук/Твитер

Фотографија од село од Полска изминативе денови привлекува внимание на социјалните мрежи, а станува збор за Сулошова, каде што, судејќи по снимката од воздух, односно со дрон, сите жители живеат во една улица.

Живописно место на 45 минути од Краков – селото Сулошова, благодарение на необичниот распоред на куќите на мештаните, привлекува внимание на социјалните мрежи, а фотографиите од птичја перспектива во последно време се особено популарни.

Сулошова е всушност една од најдолгите улици во Полска и се протега на површина од приближно 9 километри. Групи куќи и згради се протегаат покрај патот, а додека „на земја“ тоа не изгледа посебно – од воздух претставува живописна панорама.


„6.000 луѓе живеат во Сулошова во Полска на една улица“, е описот на фотографијата споделена на Твитер, која е прегледана речиси седум милиони пати.

Живописните погледи и карактеристичниот распоред на селските улици не се единствените атракции на ова место.

Тука е и Црвената патека на орловите гнезда и европската културна рута „Вие Реџиа“, која е еден од патиштата на Свети Јаков кој води до светилиштетот Сантиаго де Компостела.

Селото е поврзано и со познати атракции, вклучувајќи го Националниот парк Ојцовски и Пиескова Скала – замок на врвот на карпата од 14 век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот