ФОТО+ВИДЕО | Уметницата беше спектакуларна: Целата публика во Торино аплаудираше со Констракта

Констракта за време на нејзиниот настап во второто полуфинале на Евровизија / Фото: EPA

Српската претставничка Ана Ѓуриќ, позната како Констракта, успешно се пласираше во финалето на музичкиот натпревар Избор на песна за Евровизија, кое ќе се одржи на 14 мај во Торино, Италија.

За време на нејзината изведба на песната „In Corpore Sano“ во второто полуфинале, во кое настапи под реден број 3, таа беше пречекана со силни аплаузи и овации од многубројната публика во арената „Пало Олимпико“. Дефинитивно, уметницата беше спектакуларна!

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

„Возбудена сум, но не сум нервозна. Малку сме под стрес поради големата возбуда во Србија“, изјави Констракта пред нејзиниот настап.

Настапот на Констракта ќе се памети и по нејзиниот избор на чевли. Имено, српската пејачка се одлучи за култните југословенски чевли боросани, своевремен симбол на медицинскиот персонал и жените од работничката класа.

Боросаните беа инспирација и за македонскиот дизајнер Зоран Кардула. Ова е неговата илустрација, објавена вчера на неговите социјални медиуми, а посветена на настапот на Констракта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoran Cardula (@cardula)

Организаторите на Евровизија го објавија редоследот на настапите во финалето, според кој Констракта ќе настапи под реден број 24, односно претпоследна од сите 25 финалисти.

Фото: Фејсбук, Евровизија

Покрај Србија, во финалето се влегоа и Финска, Азербејџан, Австралија, Естонија, Романија, Полска, Белгија, Шведска и Чешка. За жал, нашата преставничка Андреа Коевска и претставниците на Израел, Грузија, Малта, Сан Марино, Кипар, Ирска и Црна Гора нема да ги видиме за време на финалната вечер на Евровизија.

Како потсетување, во првото полуфинале, кое се одржа на 10 мај, сво место во големото финале добија и изведувачите од Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Претставниците на Албанија, Латвија, Словенија, Бугарија, Хрватска, Данска и Австрија не се пласираа во финалето.

ВИДЕО | Едноставна, а моќна: Андреа со одличен настап во Торино

Видео на денот