ФОТО+ВИДЕО | Убавата партнерка на Ана Брнабиќ во ефектен фустан осамна на насловната на странски магазин

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Милица Ѓурѓиќ, партнерка на премиерката на Србија Ана Брнабиќ, се најде на насловната страница на арапското издание на познатиот моден магазин „L’Officiel“.

На фотографијата која ја краси насловната страница на овој магазин, Милица Ѓурѓиќ позира во ефективен фустан од познатата српска дизајнерка Роксанда Илинчиќ.

Роксанда Илинчиќ е светски позната дизајнерка која со години живее и работи во Лондон, а нејзините модели ги носат Кејт Мидлтон, актерките Џесика Честејн, Гвинет Палтроу, Ема Вотсон, Кира Најтли, пејачките Лејди Гага, Флоренс Велч, поранешната прва дама на САД Мишел Обама…

Фото: Betaphoto Sipa Press Profimedia

Елегантното издание е само едно од добрите модни избори на Милица Ѓурѓиќ. Таа ретко се појавува во јавноста, но секој нејзин стајлинг привлекува големо внимание.

Милица во интервјуто за споменатиот магазин открила како ја доживува модата.

– Ја сакам модата, но не сум нејзин роб. Не ги следам трендовите. Го носам она што го сакам и во што добро се чувствувам – рекла партнерката на српската премиерка. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот