ФОТО+ВИДЕО | Стив Бенон, главниот стратег на поранешниот претседател Трамп, се предаде на ФБИ

Стив Бенон
Фото: EPA-EFE/PETE MAROVICH

Поранешниот главен стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон, денеска се предал на ФБИ, откако беше баран за обвинение за непочитување на Конгресот затоа што одби да соработува со избраниот комитет на Претставничкиот дом за нападот врз Капитол, на 6 јануари, пишуваат американските медиуми.

Бенон во петокот беше обвинет по две точки, за непочитување на судот затоа што не постапил по наредбата на комитетот да приложи какви било записи и да сведочи за тоа што знаел за нападот.

Неговиот адвокат во повторените писма до комисијата тврдеше дека Бенон имал привилегирана комуникација.

 

Стив Бенон
Фото: EPA-EFE/PETE MAROVICH
Фото: EPA-EFE/PETE MAROVICH

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот