ФОТО+ВИДЕО | Роберт Билбилов и Лејла Рамковска заљубени во Ница: Уживаат во градот пред почетокот на Детската Евровизија

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Откако јавно потврдија дека се во врска, Роберт Билбилов и Лејла Рамковска воопшто не кријат колку се заљубени и често објавуваат заеднички фотки и видеа, а сега покажаа и како уживаат во Ница.

Музичарот објави неколку фотографии и видео на својот инстаграм-профил каде може да се забележи дека навистина им годи ова патување во една од најпосетуваните туристички дестинации, каде има чисто море, атрактивни плажи, барови, дискотеки и каде речиси секој ден е незаборавно доживување.

„Прв ден во Ница“, стои на фотографиите, каде што открија дел од атмосферата во градот.

Фото: Instagram / justrbproduction
Фото: Instagram / justrbproduction

На фотографиите може да се види како се шетаат низ градот, возат велосипеди, од посетата на замокот во Ница и како уживаат во убавините на француската ривиера, а несомено е дека се вистински заљубени.

Фото: Instagram / justrbproduction
Фото: Instagram / justrbproduction

Инаку, во Ница на 26 ноември ќе се одржи Детската Евровизија на која ќе не претставува младата Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи кој“. Билбилов, заедно со Дарко Димитров и Коста Петров, се автори на оваа песна.

Фото: Instagram / justrbproduction

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот