ФОТО+ВИДЕО | Најскапиот на светот: Продаден стрип со Супермен за неверојатни 6 милиони долари

Фото: Heritage Auctions / BNPS / Profimedia

Стрип во кој се појавува ликот на Супермен се продаде за 6 милиони долари, што го прави најскапото стрип издание што постои досега, според аукциската куќа „Херитиџ“, пишува „НБЦ њус“.

Аукциската куќа со седиште во Тексас соопшти дека „Акциониот стрип“ бр. 1 од 1938 година го надмина претходниот рекорд на продажба на стрипови, кој го чуваше копијата од „Супермен“ бр. 1 што се продаде приватно за 5,3 милиони долари во 2022 година.

Претходниот рекорд за продаден стрип на аукција беше 3,6 милиони долари за примерок од „Неверојатна фантазија“ бр.15 во кој дебитираше ликот на Спајдермен.

Верзијата на стрипот што се продаде оваа недела е дел од збирката позната како „Педигре на Канзас Сити“, која се појави во доцните 1960-ти и која се состои од речиси 250 изданија од прво издание на овој стрип објавени од 1937 до 1940-тите.

Фото: Heritage Auctions / BNPS / Profimedia

Веднаш по продажбата немаше официјални информации за купувачот. Други познати носители на овој уникатен стрип го вклучува и актерот Николас Кејџ, кому му беше украдена копија во 2000 година и либанскиот милијардер Ајман Харири.

Аукцијата на „Херитиџ“ се одржа во Далас, Тексас, а беше вклучено и онлајн наддавањето. Беа продаде стрипови вредни повеќе од 25 милиони долари.

Инаку, Супермен беше создаден од писателот Џери Сигел и илустраторот Џо Шустер во раните 1930-ти, и се појави во неколку рани изгледи сè додека „Акциониот стрип“ не ја објави верзијата на Супермен која е  најпозна кај публиката денес, во јуни 1938 година. Стрипот се продаваше за 10 центи – што е еквивалентно на околу 2 американски долари денес – во серија од околу 200.000 примероци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот