ФОТО+ВИДЕО | „Ме опушта“: Терапевтски кучиња ги релаксираат патниците на аеродромот во Истанбул

Фото: Islam Yakut / AFP / Profimedia

Терапевтски кучиња ги опуштаат и ги смируваат напнатите патници на аеродромот во Истанбул, а наскоро нивниот број ќе се зголеми бидејќи се покажа дека патниците позитивно реагираат на нив.

Аеродромот ја спроведува оваа програма во последниве недели за да помогне во намалувањето на стресот и вознемиреноста кај патниците кои минуваат низ неговите терминали, пишува „Ројтерс“.

Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Една од нив е и патничката Анастасија Подмазова, која имала прилика да помине време со кучето Куки.

„Ме опшушта. Ги сакам животните, навистина е добро“, рекла таа.

Фото: Islam Yakut / AFP / Profimedia

По позитивните повратни информации од патниците, аеродромскиот оператор ИГА сака да го прошири проектот, зголемувајќи го бројот на кучиња достапни за смирување на патниците од пет на десет, рече Абдулкадир Демирташ, менаџер за искуство со клиенти.

„Патувањето може да биде стресно. Според истражувањата, интеракцијата меѓу животните и луѓето го намалува стресот и нивото на анксиозност“, рече Демиртас.

Фото: Islam Yakut / AFP / Profimedia

Мурат Џенгиз Коџа, експерт за однесувањето на кучињата и тренер кој ги придружува кучињата на аеродромот, вели дека животните се обучени да не реагираат на звуци или луѓе.

„Кучињата што ги избравме да бидат дел од овој проект поминаа низ едногодишен процес и обука. Тие се тука денес затоа што беа успешни“, нагласува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот