ФОТОВЕСТ | Новогодишните куќарки ќе го дочекаат 8 Март на плоштад?

кукички на плоштад/фото Слободен Печат/Слободан Ѓури

Градот Скопје годинава доцна го украси градот, дури на десетина дена пред новогодишните празници. Доцнеше и нивната демонтажа, па скопјани можеа да се радуваат на елките и лампионите до крајот на јануари.

Како дел од украсувањето на Скопје, беа поставени и куќарки, кои два месеци од новата година останаа на градскиот плоштад. Сега истите служат како мета на несовесните луѓе за фрлање на отпадоци, дел се со искршени врати а служат и за преноќиште на скопските бездомници.

кукички на плоштад/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Граѓаните реагираат, а надлежните молчат, кога ќе започне нивната демонтажа. Којзнае, можеби ќе останат до следната нова година.

кукички на плоштад/фото Слободен Печат/Слободан Ѓури

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот