Фотоизложбата „Актови“ од Станко Абаџиќ е поставена во „Рудиќ галерија“
Уметнички фотографии на познатиот хрватски фотограф Станко Абаџиќ од 12 октомври се изложени во „Рудиќ галерија“ во Скопје. Станува збор за 30 црно-бели фотографии настанати во периодот од 2018 до 2021 година.
Станко Абаџиќ (1952, Вуковар) дипломирал германистика и работел како дописник на „Вјесник“ од Вуковар. Од 1995 до 2002 година престојувал во Чешка, каде што работел како слободен фотограф. Имал самостојни изложби во 16 европски земји, Аргентина, Јапонија, Америка и Русија.
Неговите фотографии може да се најдат во бројни збирки и приватни колекции во Европа, Хрватска и Америка. Живее и работи во Загреб.
(Текстот и фотографиите се објавени во „Културен печат“ број 101, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 16-17 октомври 2021)