Фотографии од Шумахер во болнички кревет вредат вистинско богатство

Пред повеќе од шест години Михаел Шумахер доживеа страшна повреда на главата додека скијаше на Француските Алпи.

Семејството на седумкратниот Формула 1 шампион се одлучи здравствената состојба да ја скрие од јавноста, но и од голем дел од пријателите и поради тоа не се знае вистинската состојба на Михаел Шумахер.

Сепак, англискиот весник „Мирор“ пишува дека Шумахер минатата година бил тајно снимен во болнички кревет. Тоа се случило во неговата вила на Женевското Езеро и според весникот, непозната личност ги изнела фотографиите од куќата.

Сега тие фотографии вредат вистинско богатство, на црниот пазар се понудени за неверојатни 1.2 милиони евра (еден милион фунти).

„Мирор“ исто така објави дека кога сопругата на Михаел, Корина Шумахер, дознала за фотографиите, случајот го пријавила кај швајцарските и германските судски власти и се шпекулира дека токму поради тоа никој не сака да ги објави фотографиите плашејќи се од мултимилионски тужби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот