ГАЛЕРИЈА | Од протести до инцидент – што се случи пред српскиот Парламент?
Не стивнуваат извештаите кои доаѓат од српските медиуми за големиот инцидент што се случи утрово во центарот на Белград, кога во шаторската населба „Ќациленд“, поставена пред Народното собрание, избувна пожар по серија истрели од огнено оружје.
Препорачано
Според првичните информации на тамошните медиуми најпрво, итната помош во 10:18 часот добила повик од полицијата во кој било соопштено дека пред Собранието на Србија експлодирала плинска боца, но, на местото на настанот екипата затекнала маж повреден од огнено оружје.

Како што пренесуваат медиумите, засега едно лице е уапсено, а друго е префрлено во Ургентниот центар со повреди здобиени од пукањето. Портпаролката на таа служба, Ивана Стефановиќ, навела дека станува збор за маж на возраст од 57 години и дека тој во стабилна состојба бил пренесен во Ургентниот центар.

Сведоци на настанот изјавиле дека прво се слушнале неколку истрели, по што еден од шаторите се запалил. Веднаш по тоа, густ облак од чад се издигнал над плоштадот „Никола Пашиќ“, додека полицијата, пожарникарите и итната помош брзо пристигнале на местото на настанот.
Ispred Narodne skupštine u centru Beograda izbio požar koji je brzo lokalizovan. RTS prenosi da je Hitna pomoć izašla na teren i zbrinula povredjenog. Uskoro opširnije na https://t.co/i5ONV08M9z pic.twitter.com/XShfSfqpAe
— BBC NEWS na srpskom (@bbcnasrpskom) October 22, 2025

Инаку, таканаречениот „Ќециленд“ е подрачјето на Пионерскиот парк каде што се сместени „Студентите кои сакаат да учат“.
Станува збор за група студенти блиски до владејачката партија Српската напредна странка (СНС). Во одговор на протестите на студентите кои веќе речиси една година се одржуваат низ Србија поради незадоволство од актуелната власт и со тоа поврзаните блокади на факултети, „Студентите кои сакаат да учат“ поставија шатори и кампуваат во наведениот парк.
Важно е да се нагласи дека, за разлика од студентските протести што ја тресат Србија, подрачјето на „Ќациленд“ беше под постојана заштита на полицијата во Белград.
Често, високите партиски функционери на СНС, како и членови на семејството на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го посетуваа паркот каде што се наоѓа кампот, јави Нова.рс.
ФОТО + ВИДЕО | Пукање и пожар во „Ќациленд“ во Белград, еден ранет, друг уапсен

Филмски сцени пред српскиот Парламент: „Ќациленд гори, но гласањето мора да продолжи“
По овој повод претседателот на Србија Александар Вучиќ најави прес-конференција за во 13 часот.



