ФОТО | Заносната Селма Хајек позира во бикини: Mи недостасува летото

Instagram

Познатата американско – мексиканска актерка Селма Хајек (54) е една од најубавите жени во светот, и во шестата деценија нејзината убавина освојува.

Instagram
Instagram

Ѕвездата на филмот „Десперадо“ објави нова фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, каде го покажа своето заносно тело, а во преден план беа нејзините бујни природни облини.

Ми недостасува летото“, напиша актерката во описот на фотографијата на која позира на море.

Instagram
Instagram

По тој повод, Селма носеше црн едноделен костим за капење, бел шешир, црни очила за сонце и златен накит – нараквици и обетки, кои дополнително ја истакнуваа нејзината убавина.

Нејзиниот костим за капење беше врзан околу вратот, а отвореното деколте откри нешто на кое мажите не се имуни.

Profimedia
Profimedia

Многу помлади жени ѝ позавидеа на провокативната фотографија и извајаното тело, а таа собра 1,3 милиони лајкови на овој пост.

profimedia
Селма Хајек и Антонио Бандерас во „Десперадо“/ Profimedia

 

„Жена за која многу мажи сонуваат“„Убава и секси Селма, горди сме на тебе“„О Боже, ти си толку убава, ти си една од најсексапилните жени во Холивуд“, беа само некои од коментарите на нејзините следбеници на Инстаграм.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот