ФОТО | Вистинска убавица: Ќерката на Маја и Дарко Панчеви го прослави роденденот

Фото: Инстаграм/Фејсбук

Македонската поп-пејачка Маја Гроздановска-Панчева и фудбалската легенда Дарко Панчев се долги години во брак во кој добија две ќерки Надица и Марија.

Брачната двојка ужива во семејниот живот, а викендов имаше убав повод за радување и славење. Имено, нивната првородена ќерка Надица го прослави роденденот. Убавата Надица наполни 22 години.

Маја убавата вест ја сподели на својот фејсбук-профил.

„Среќен роденден Наденце, наша прва среќа“, напиша гордата мајка.

Како што велат, убавината е наследна, а судејќи според фотографиите објавени на социјалните мрежи, двете ќерки на познатиот пар пораснале во вистински убавици.

Маја ретко се експонира, а ретко објавува приватни фотографии и на своите профили на социјалните мрежи. Но, според приложеното, можеме да кажеме дека пејачката плени со својата природна убавина.

Инаку, Маја долги години работи во хорот на Националната опера и балет.

ФОТО | Вечно млада: Маја Гроздановска Панчева плени со својата убавина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот